Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 21 година загуби и на вториот натпревар на „Анталија куп 2019“. Избраниците на Благоја Милевски се поразени од соодветната селекција на Летонија со 0-1.
По поразот во првото коло од Украина со 1-3, сега македонските надежи не успеаја да стигна до позитивен резултат и против Летонците кои до триумфот стигнаа со гол во првото полувреме.
Во последниот натпревар на турнирот, во вторник (26. март) Македонија игра со селекцијата на Естонија. Ова е прв собир за Милевски со новата генерација македонски фудбалери кои наредниот период ги очекуваат подготовки за септемврискиот старт на квалификациите за ЕП.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА