Фудбалската репрезентација на Англија оствари уште една убедлива победа славејќи (1-5) на гости против Црна Гора и се наоѓа на првото место во групата А со шест бода од два меча, во квалификациите за ЕВРО 2020. Црногорците поведоа со голот на Вешовиќ, но Кин и Баркли се погрижија за пресврт веќе до полувремето. Во вториот дел за Англија стрелаа уште еднаш Рос Баркли, Хари Кејн и Рахим Стерлинг.
И светскиот првак Франција има максимален ефект. „Триколорите“ го совладаа Исланд на домашен терен со 4-0. Стрелци на головите беа Самуел Умтити, Оливие Жиру, Килијан Мбапе и Антоан Гризман.
Србија успеа да освои бод на гостувањето кај Португалија играјќи 1-1 на стартот од квалификациите. Тадиќ од пенал донесе водство за Србите во седмата минута, дваесетина минути подоцна се повреди Кристијано Роналдо и го напушти мечот, а израмни Данило Переира во 42.минута од средбата.
Интересен беше и дуелот во Приштина, каде Косово и Бугарија ремизираа 1-1. Божиков ги доведе Бугарите во водство, а израмнувањето стигна преку Зенели.
Албанија ја совлада Андора на гости со 0-3, а Луксембург и Украина одиграа 1-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА