Сергеј Горпишин е името на пивотот што во следната година ќе го засили Вардар, како замена за Рожерио Мораеш. Руската колонија во таборот на „црвено-црните“ дополнително ќе се зголеми со ангажманот на 21-годишниот Горпишин, кој беше резервна опција откако „вардарци“ не успееаја да го убедат Шипжак од Баселона на преселба во Скопје.
Горпишин сезонава го носи дресот на бундеслигашот Ерланген, а неговиот клуб денеска потврди дека Русинот летово ќе си замине, а следна дестинација ќе му биде токму Вардар.
Голема улога во трансферот одиграл директорот на „црвено-црните“, Едуард Кокшаров, кој воедно е и селектор на руската репрезентација.
За Вардар сезонава настапуваат петмина руски ракометари: Дибиров, Горбок, Шишкарев, Калараш и Кисељев, а „црвено-црните“ преговараат и за ангажман на десниот бек Александар Котов, кој би го наследил Криштопанс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА