Барселона договори трансфер на играч на Ливерпул

Шпанскиот фудбалски шампион Барселона е заинтересирана за услугите на бекот на Ливерпул Алберто Морено. „Каталонците“ бараат замена за Жорди Алба, a како што пишуваат медиумите од таборот на Барселона стапиле во контакт со менаџерот и Морено по истекот на договорот летово, ќе премине во редовите на шпанскиот гигант.

Алберто Морено е далеку од статусот првотимец во Ливерпул, бидејќи под водство на Јирген Клоп, одлично игра Ендрју Робертсон. Робертсон важи за еден од најдобрите леви бекови во светот, а Морено од доаѓањето во Ливерпул пред пет години не ги исполни очекувањата, особено што беше платен за сума од 15 милиони евра.

 

Се вчитува...