Реми со Естонија за крај на “Анталија куп 2019”

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 21 година ремизираше (1-1) со Естонија во последниот натпревар на “Анталија куп 2019”.

Избраниците на Благоја Милевски поведоа во 27. минута со голот на Димитар Митровски, а Естонците израмнија со голот на Лип во 44.минута. Во 83. минута Давор Здравковски не реализираше пенал со кој можеше да донесе победа за македонската селекција.

Македонија на првите два натпревари на турнирот загуби од Украина (1-3) и од Летонија (0-1).

Се вчитува...