Реал Мадрид загуби на сите фронтови оваа сезона, но го врати Зинедин Зидан на клупата, а тоа значи дека амбициите за следната година се повторно огромни. Клубот веќе почна со плановите за ангажман на нови засилувања во летниот преоден рок.
Во фокусот се Килијан Мбапе и Еден Азар, но Зинедин Зидан размислува за реновирање и на средниот ред, а во неговиот нотес се наоѓа Тангај Ндомбеле. Младиот играч за врска на Лион е еден од новите француски репрезентативци, а Зидан смета дека одлично би се вклопил во неговиот нов тим. За него се подготвени 40 милиони евра, а понудата ќе биде испратена во наредните неколку денови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА