Баерн Минхен долго одолеваше на трендот да троши мултимилионски суми на нови фудбалери, но баварсскиот гигант дефинитивно увиде дека тоа е единствениот начин за да може да се носи со најголемите европски клубови во Лигата на шампионите. Така, Баерн денеска го официјализираше трансферот на Лукас Ернандез од Атлетико Мадрид за сума од 80 милиони евра, со што францускиот интернационалец стана најскап фудбалер во историјата на најтрофејниот германски клуб.
Баерн долго време разговараше со Атлетико, трансферот договорен за во јануари беше одложен, за Баварците денеска и официјално да објават дека Ернандез од 1 јули се сели на „Алијанц арена“. Дефанзивецот беше среќен во Мадрид, но понудата од Минхен беше неодолива, плата од 13 милиони евра по сезона (три пати повеќе од онаа во Атлетико) со која Ернандез се реши да го напушти својот сегашен клуб.
Тој е вториот француски фудбалер што Баерн однапред го договори за наредната сезона, по Бенџамин Павар од Штутгарт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА