Л’Екип: Зидан троши 500 милиони фунти на три мега-ѕвезди

Францускиот весник „Л’Екип“ на насловната страница во својот денешен број најавува три мегатрансфери на Реал Мадрид за летниот преоден рок, за мегаѕвезди за кои „кралскиот клуб“ е подготвен да плати неверојатни 500 милиони евра. Флорентино Перез го убедил Зинедин Зидан да се врати назад во Мадрид токму со најавите за сериозни инвестиции во играчкиот кадар, а на врвот на листата за „шопинг“ се наоѓаат Килијан Мбапе, Пол Погба и Еден Азар.

Мбапе и пред доаѓањето на Зидан се поврзуваше со преселба во Мадрид, а со ангажманот на неговиот сонародник за тренер шансите за овој мегатрансфер се зголемија. „Кралевите“ се подготвени да платат 280 милиони евра, но прашање е дали ПСЖ ќе се согласи на заминување на Мбапе дури и за сума што ќе претставува нов светски рекорд.

Азар долго време е желба на Зидан, а се чини дека конечно дојде и времето за овој трансфер да се реализира. Британските медиуми најавуваат дека Абрамович минатото лето му ветил на Белгиецот дека нема да го блокира неговиот трансфер во 2019 година, па дури и во ситуација на забрана за трансфери во Челси, се очекува Азар да се пресели во Мадрид за сума од 120 милиони евра.

Погба исто така е интересна опција за „кралевите“, со оглед на желбата на францускиот репрезентативец да си замине од Манчестер Јунајтед. Дел од медиумите тврдат дека Зидан повеќе го сака Пјаниќ во својот тим, но Л’Екип објави дека Погба се уште е сериозна опција за Реал, а веќе е подготвена и понуда од 100 милиони евра за трансферот, плус 12 миилиони евра нето плата по сезона за самиот фудбалер.

Јасно е, доколку овие три мега-трансфери се реализираат Реал ќе има тим што ќе биде страв и трепет не само во Шпанија, туку и в Лигата на шампионите.

Се вчитува...