Еден од најдобрите македонски каратисти Емил Павлов против Романецот Флорин Гоголоси ќе се бори за бронзениот медал на Европското првенство за сениори кое се одржува во Гвадалахара, Шпанија.
Во категоријата до 60 килограми, Павлов претходно славеше против Србинот Антиќ и Црногорецот Дуловиќ, а во полуфиналето со 0-2 загуби Русинот Евгени Плахутин по што останува сега, како наша последна надеж на првенството, да се бори за бронзата.
Претходно, Берат Јакупи и Наташа Стефановска во борби стигнаа само до четвртфиналето. Но, нивните противници не се пласираа во во финалето потоа, па Јакупи и Стефановска останаа и без можноста преку репасажот да се борат за бронзениот медал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА