Германскиот првак Баерн Минхен го официјализираше трансферот на Лукас Хернандез од Атлетико Мадрид, кој доаѓа за сума од 80 милиони евра, но тоа нема да биде се од баварскиот клуб во претстојниот летен преоден рок. Раководството подготвува уште 150 милиони евра за ангажман на две млади ѕвезди на европскиот фудбал.
Тренерот Нико Ковач на „Алијанц арена“ ги посакува Матијс де Лигт, стоперот на Ајакс, како и играчот за врска на Баер Леверкузен, Каи Хаверц. За нив има интерес од најголемите европски клубови, но Баерн Минхен верува дека може да ги убеди да пристигнат во Германија.
Покрај овие две млади ѕвезди, на списокот на Нико Ковач се и Калум Хадсон – Одои од Челси и Пепе од Лил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА