Фудбалерот на Барселона Жерард Пике вели дека Лионел Меси е еден од најдуховитите луѓе кои ги познава. Аргентинецот важи за еден од најдобрите фудбалери во историјата, но јавноста често за него вели дека е повлечен и срамежлив. Сепак Жерард Пике не се сложува со коментарите на јавноста и вели дека неговата духовитост е една од неговите најголеми доблести.
„Меси е многу духовит, често е ироничен. Еден е од најзабавните луѓе кои ги имам сретнато“, рече Пике.
Барселона викендов во Ла лига ќе се сретне со градскиот ривал Еспањол, натпревар кој секогаш е тензичен, а Пике во негов стил го најави мечот.
„Јас имам повеќе пари отколку што Еспањол заработи сезонава“, дополни Пике.
Каталонскиот клуб на табелата во шпанското првенство има десет бода предност пред второпласираниот Атлетико Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА