Езгијан Алиоски дефинитивно со секој репрезентативен настап ја воодушевува македонската фудбалска јавност. По неговите извонредни игри за Македонија, но и во дресот на Лидс, сега и швајцарските медиуми постојано се прашуваат како нивната земја дозволила да загуби еден таков фудбалер. Но,..
„За мене постои само една репрезентација – Македонија. И, ниту една друго. Никогаш не сум размислувал за друга репрезентација, а да бидам искрен не знам и дали ме барале во тоа време Швајцарија. Можеби Швајцарците повеќе се заинтересираа откако веќе пружав квалитетни игри во Лугано, но тогаш веќе бев стандарден репрезентативец на Македонија за која со гордост играм“ – вели Алиоски во изјава за швајцарските медиуми и дополнува:
„Нашата заедничка цел е сега да играме на ЕП 2020. Владее одлична атмосфера во репрезентацијата како никогаш претходно. Сите сме мотивирани и желни само за победи“.
Алиоски вели дека воопшто не размислувал кога пристигнала понудата од Лидс.
„Моја желба отсекогаш беше да играм во Англија, и кога пристигна понудата од Лидс со задоволство ја прифатив. И не погрешив. Сега сум пресреќен во овој клуб“ – вели македонскиот репрезентативец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА