Музафер Ејупи по долгата пауза поради повреда полека се враќа во посакуваната гол-форма, погодувајќи и во вториот едноподруго натпревар во дресот на Осијек.
Откако минатото коло стрелаше против Ријека, сега повторно во игра влезе во второто полувреме и постигна погодок на дуелот против Горица во хрватскиот шампионат за конечни 2-2.
Но, по постигнатиот гол, Ејупи заработи и втор жолт картон па доби исклучување поради кое ќе паузира во следните натпревари.
Осијек со 43 бода е на третото место на табелата во Првата лига на Хрватска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА