Анегдота на Анри: Што се случува кога ќе се налути Меси…

Тиери Анри освои се што можеше да се освои во својата фантастична кариера, а францускиот по блескавите игри во дресот на Арсенал се пресели во Барселона, каде во периодот од 2007 до 2010 година имаше можност да настапува во дрим-тимот на каталонците чиј дел беше и Лионел Меси.

Иако Аргентинецот тогаш беше меѓу најмладите во тимот, тој и пред десетина години ставал до знаење колкава е неговата страст за победа. Анри во интервју за француските медиуми откри и една анегдота поврзана со најдобриот фудбалер на денешницата.

„Се сеќавам, на тренинг игравме фудбал поделени на две екипи. Над негов соиграч не беше досуден чист фаул од тренерите, по што Лео се налути. Дојде до својот голман, ја зеде топката, ги издрибла сите и даде гол, бесно гледајќи кон тренерите за недосудениот фаул. А тоа беше само тренинг натпревар“ – истакнува Анри.

Се вчитува...