Кавадарци денеска преку дерби пресметката со Борец во Втората лига – Исток потсети на некогашните славни прволигашки денови.
Покажа тиквешијата преку мечот на најдобрите два тима од централна Македонија дека овој регион и тоа како го сака фудбалот. Токму затоа и силната желба на двата тима за пласман во елитното друштво од следната сезона. Прекрасен амбиент на Градскиот стадион во Кавадарци во кој уживаше и градоначалникот Митко Јанчев, извонредна поддршка од популарните „Лозари“ за својот тим, дополнета атомсфера и од страна на „Гемиџиите“ од Велес, и на крајот голема победа од 3-0 преку која Тиквеш сериозно веќе ги зголеми своите шанси за двете водечки позиции на табелата кои носат надеж за пласман во Првата лига…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА