Паузата за репрезентативни настапи беше добредојдена за Манчестер Јунајтед откако „црвените ѓаволи“ загубија два меча во низа, од Арсенал во Премиер-лигата и од Вулверхемптон во ФА Купот на Англија. Во првиот натпревар по паузата тимот на Оле Гунар Солскјер успеа да се врати во победнички ритам, славејќи со 2-1 над екипата на Ватфорд.
Рашфорд го отвори резултатот по одличното додавае на Шо, а точка на победата стави Марсијал со гол во второто полувреме. Се што успеаја да сторат гостите беше постигнување на утешниот погодок преку Дукуре во 90. минута.
Лестер го совлада Бурнемаут со 2-0 со головите на Морган и на Варди, додека Саутемптон направи огромен чекор напред во битката за опстанок славејќи на гостувањето во Брајтон со 0-1, со погодокот што во второто полувреме го постигна Хојбјерг.
Резултати Англија:
Кристал палас – Хадерсфилд 2-0, Лестер – Бурнемаут 2-0, Брајтон – Саутемптон 0-1, Барнли – Вулвс 2-0, Манчестер Ј. – Ватфорд 2-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА