Лионел Меси уште еднаш блесна во сиот свој сјај на градското дерби со Еспањол, предводејќи ја Барса до победа од 2-0 над каталонскиот ривал.
Гостите цели 70 минути успеваа да одолеат на налетите на Барса, пред Меси да ги земе работите во свои раце. Тој маестрално изведе слободен удар по кој Санчез во обид да реагира од гол-линијата ја затресе сопствената мрежа. Еспањол беше принуден да се отвори, а Барселона го искористи тоа за да стави печат на победата.
Стрелец, кој друг ако не Меси, по еден одличен контранапад и асистенција на Малком.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА