Младиот возач на Ферари, Чарлс Леклерк, со извонредно возење приреди огромен успех, стигнувајќи до пол-позицијата на трката за ГН на Бахраин што ќе се вози утре. Тој стана прв возач од Монако што стигнал до пол-позиција, а воедно и го извозе најбрзиот круг во историјата на оваа патека. Тој го комплетираше кругот за 1:27.886 минута, уривајќи го рекордот што лани го постави неговиот сегашен тимски колега, Себастијан Фетел.
Леклерк е втор најмлад возач кога станува збор за освојување на пол-позиција во Ф1, зад рекордерот Себастијан Фетел, кој во болидот на Торо Росо стигна до овој успех во Монца во 2008, на возраст од 21 година и 73 дена.
Од првиот ред крај Леклерк утрешната трка ќе ја стартува токму Фетел, а светскиот првак Луис Хамилтон денеска имаше трето најдобро време, пред неговиот тимски колега од Мерцедес, Финецот Валтери Ботас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА