Шефот на стручниот штаб на Вардар, Роберто Гарсија Парондо, има причина за задоволство по новата победа над Загреб, забележана со половина сили и чување на силите на дел од клучните ракометари. Шпанскиот стратег не го криеше задоволството и што по подолго време го имаше целиот тим на располагање, откако денеска и Борозани Горбок се појавија на теренот.
„Најмило ми е за повратниците, кои се вратија по подолга пауза како Горбок, Борозан… Моравме да штедиме сили за наредните средби, сите добија шанса, но севкупно гледано морам да бидам задоволен. Сега пред нас е полуфиналето во СЕХА, а потоа и четврт-финалето во Лигата на шампионите“ – истакна Парондо.
„Вардарци“ летаат за Белорусија, каде веќе во вторник ги очекува полуфиналето од СЕХА-лигата против домаќинот Брест Мешков.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА