Самп со убав скалп: Милан падна на „Луиџи Ферарис“

Сампдорија му го нанесе вториот последовен пораз на Милан со Серија А, совладувајќи го на „Луиџи Ферарис“ со 1-0. Стрелец на единствениот гол на овој меч беше Грегори Дефрел уште во првата минута од натпреварот, и тоа по големата грешка на Донарума.

Милан имаше неколку убави можности за израмнување, но на крајот мораше да ги остави бодовите во Џенова. Бакајоко во 61.минута постигна гол, но не беше признат поради прекршок во напад, а одлична шанса не реализира и Кастилјехо.

Тимот на Џенаро Гатузо и понатаму е на четвртата позиција на табелата со 51 бод, но им дава шанса на римските клубови Рома и Лацио да се доближат до местото кое води во Лигата на шампионите.

Се вчитува...