Серхио Агуеро постигна гол на гостувањето против Фулам, но потоа самиот побара да биде заменет жалејќи се на повреда. Пеп Гвардиола на прес-конференцијата по натпреварот потврди дека аргентинскиот ас се пожалил на болка, но одби да дава било какви прогнози околу должината на паузата.
„Тој дојде и ми рече дека почувствувал нешто. Не сакавме да ризикуваме и веднаш го повлековме од игра. Ќе видиме што е проблемот, лекарските прегледи ќе покажат колку ќе изнесува паузата“ – истакна Гвардиола.
Евентуалното отсуство на најдобриот стрелец ќе биде огромен проблем за „граѓаните“ во клучниот дел од сезоната. Во следните 20 дена Сити го очекуваат премиерлигашки дерби натпревари со Тотенхем и со Манчестер Јунајтед, но и четвртфиналниот двомеч од ЛШ против Тотенхем.
Манчестер Сити в среда го пречекува тимот на Кардиф, дуел на кој улогата на предводник на нападот ќе му биде доделена на Габриел Хесус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА