Протест на годината: Судиите го ограбија Кардиф, а Ворнок реши – да молчи и да ги гледа во очи

Менаџерот на Кардиф, Нил Ворнок, имаше право да биде бесен на арбитражата на дуелот со Челси, на кој неговиот тим беше ограбен. За Кардиф не беше досуден чист пенал, а потоа Челси првиот од двата гола го постигна од очигледен офсајд, по што Ворнок влезе во конфликт и со својот ривал на спротивната страна, Маурицио Сари.

Сепак, кога мечот заврши темпераментниот стратег се реши за невообичаен метод на протестирање, па додека судиите беа на центарот и се поздравуваа со фудбалерите, Ворнок дојде на неколку метри од нив, мирно стоеше и ги гледаше директно во очи. Ситуацијата се одвиваше дваесетина секунди, пред судиите да се упатат кон соблекувалната, следени од разочараниот стратег.

 

 

Се вчитува...