Пик Сегед е екипата што стои на патот на Вардар до фајналфор турнирот во Келн, откако унгарскиот првак се избори за четврт-финале од Лигата на шампионите по новата победа над Висла Плоцк (23-16).
Ракометарите на Пик Сегед имаа предност од првиот меч во Полска, но не дозволија никакво опуштање на реваншот на домашен терен, на кој со агресивна игра во одбраната целосно го исфрлија од ритам противникот Мечот беше решен во вториот дел од првото полувреме, кога Алиловиќ се разбрани, а Сегед лесно реализираше во нападот, па на одмор замина со убедливи 13-8. Одличната игра во одбраната продолжи и во вториот дел, фактот дека гостите за 60 минути игра постигнаа само 16 гола е доволен знак дека дефанзивата ќе биде клучна за унгарскиот првак и во претстојниот двомеч против Вардар.
Пивотот Бахниди беше незапирлив со седум гола од исто толку обиди, а по три пати меѓу стрелците се запишаа Бомбач и Сигурмансон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА