Маркез ја освои Аргентина, „докторот“ го надмудри Довициозо

Марк Маркез неочекувано лесно и убедливо славеше на денешната трка во Аргентина од Мото ГП шампионатот, прва победа на актуелниот првак во 2019 година.

Шпанецот ја стартуваше трката од пол-позицијата и не дозволи водството во ниту еден момент да му биде загрозено, извозе перфектно од почеток до крај и заслужено се искачи на највисокото место од пиедесталот. Многу поинтересна беше битката за второто место, откако Валентино Роси во последниот круг успеа да го надмудри Довициозо, кој на крајот мораше да се задоволи само со третата позиција.

Следната трка од Мото ГП шампионатот ќе се вози на 14 април во САД.

Се вчитува...