Менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер е убеден дека Пол Погба е среќен на „Олд Трафорд“. Во текот на репрезентативната пауза Погба изјави дека сон на секој фудбалер е да игра за Реал Мадрид, по што тренерот на „кралскиот клуб“, Зинедин Зидан, порача дека сака да го види Французинот на „Сантијаго Бернабеу“.
„Пол е фино момче кој во текот на репрезентативната пауза одговори на неколку прашања за Зидан, кој е икона на францускиот фудбал и одличен тренер. Пол е среќен во Манчестер. Тимот се гради околу него и тоа не е променето“, изјави Солскјер.
Манчестер јунајтед утре игра против Вулверхемптон, тим од која беа елиминирани во ФА купот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА