Аргентинскиот фудбалер Мауро Икарди се враќа во тимот на Интер по долгата пауза и ќе биде во конкуренција за настап на мечот со Џенова. Икарди и Интер не беа во најдобри односи во претходниот период, Аргентинецот остана без капитенската лента, по што влезе во конфликт со тренерот и соиграчите, па беше отстранет од тимот.
Во меѓувреме Икарди се жалеше и на повреда, за која лекарскиот тим на Интер тврдеше дека е лажна и дека коленото му е во идентична состојба како и на стартот од сезонава. Голгетерот со тренинзи минатата седмица, а враќањето во тимот е знак дека несогласувањето со раководството е надминато. Останува само да се види дали тренерот Лучијано Спалети ќе му даде шанса, бидејќи по поразот од Лацио, изјави дека Икарди не е Меси и треба да се научи на дисциплина.
Дилемите ќе бидат разрешени на мечот со Џенова која на програмата е во среда со почеток во 21ч, но фактот дека Икарди се наоѓа на списокот на Спалети е најава дека тој речиси сигурно ќе го има својот камбек на терените на утрешниот натпревар.
OFFICIAL: Inter Milan have called up Mauro Icardi for their game against Genoa tomorrow. pic.twitter.com/zwTOTH8xPb
— Squawka News (@SquawkaNews) April 2, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА