Блокотехна ќе биде ослабена во клучниот дел од сезоната откако капитенот на оваа екипа, Горан Главчев, ќе мора принудно да паузира извесно време по повредата заработена на последниот прволигашки меч со Куманово. Деталните прегледи покажаа дека станува збор за проблем со ногата што нема да може експресно да биде решен, па Главчев ќе го пропушти завршниот турнир од БИБЛ, Купот на Македонија, како и стартот од сезоната во Супер-лигата.
Раководството на Блокотехна експресно реагираше, па од денеска нов член на клуб од Гевгелија е Кенет Фундербург. Американецот беше дел од македонското првенство и во досегашниот дел од сезоната, со голем успех носејќи го дресот на Фени индустри. Сепак, откако кавадарчани не успеаја да се пласираат во Супер-лигата решија да му дозволат на Фундербург да си замине, по што Блокотехна експресно реагираше и го доведе во своите редови.
Станува збор за играч кој настапува на позициите „еден“ и „два“ и кој сигурно ќе му биде од помош на тренерот Илиевски.
Блокотехна претстојниот викенд ќе настапува на завршниот турнир од БИБЛ-лигата што ќе се одржи во Тирана.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА