Филипе Кутињо минатиот јануари пристигна во Барселона, во трансфер вреден 160 милиони евра, што го направи највреден трансфер во историјата на каталонскиот клуб. Бразилецот не ги оправда очекувањата, а една година подоцна веќе е на излезна врата од „Камп ноу“.
Медиумите од Пиринеите како една од причините за лошата форма на Кутињо, ја наведуваат куќата во која живее во градчето Кастелдефелс, кое се наоѓа во непосредна близина на Барселона. Имено истата куќа ја купил Цеск Фабрегас само еден месец пред него што Барселона, незадоволна од неговите игри го продаде во Челси. Долго во неа живеел и Томас Вермален, токму во периодот кога поради повреда не настапуваше за „каталонскиот клуб“. Во 2016. во неа се преселил Андре Гомеш, кој како големо засилување пристигна од Валенсија за 40 милиони евра, да во 2018. поради големиот притисок во клубот да биде на чекор од нервен слом.
За услугите на Кутињо заинтересирани се Манчестер Јунајтед, Челси и Пари Сен Жермен. Лондонскиот клуб не испраќа понуда додека не добие одговор за жалбата по изречената забрана за трансфери, додека гигантите од Манчестер и од Париз се подготвени да платат околу 100 милиони евра за да го откупат договорот на Кутињо со Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА