Милан остана без два бода и без двајца првотимци

Милан си ја компликува судбината во битката за место во ЛШ откако „росонерите“ на трет натпревар во низа не успеаја да стигнат до цел плен. По поразите од Интер и од Сампдорија, избраниците на Гатузо денеска разочараа и на домашен терен против Удинезе, ремизирајќи 1-1 на мечот на кој се очекуваше нивна рутинска победа.

За проблемите да бидат уште поголеми, Гатузо уште во првото полувреме остана без двајца важни фудбалери, голманот Донарума и плејмејкерот Пакета, кои сигурно ќе пропуштат по неколку натпревари во клучниот дел од сезоната.

Милан одигра далеку под своите можности, но и покрај слабата игра поведе пред крајот на првото полувреме преку Пјатек, на асистенција на Кутроне. „Росонерите“ сепак не успеаја да ја задржат предноста до самиот крај, откако Удинезе во второто полувреме израмни преку Ласања, по маестрално организираниот контранапад на гостинскиот тим.

Се вчитува...