Атлетико Мадрид по голема битка успеа да го скрши отпорот на Џирона и да слави со 2-0 над гостинот од Каталонија.
„Јорганџиите“ апсолутно ја заслужија победата, создадоа повеќе шанси, во првото полувреме ја затресоа и гредата од гостинскиот гол, за на крајот да стигнат до три бода благодарение на ВАР-технологијата. Имено, голот на Диего Годин во 76. минута во прв момент беше поништен порадид офсајд, но повторената снимка покажа дека ниту Гризман, ниту Годин не се во офсајд, па главниот судија се поправи и покажа кон центарот.
Конечните 2-0 во 94. минута ги постави Гризман по еден брз контранапад на тимот на Диего Симеоне.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА