Кевин Принц Боатенг ќе ја напушти Барселона на крајот на сезоната, уверени се сите во Каталонија. Познатиот каталонски новинар, Хави Мигуел открива дека е неверојатно како Боатенг се однесува во Барселона.
“Боатенг ги разочара челниците на клубот и пред се тренерите со својот непрофесионализам. Не се појавува на тренизи, дури не беше и на волонтерските активности претходната недела со остатокот на тимот. Се надевавме дека ќе дојде, но погрешивме. Ги разочара сите во клубот,” изјави Мигуел за радио Каталонија.
Каталонците можат да го откупат неговиот договор за 8 милипони евра, но извесно е дека тоа нема се случи, поради неговиот однос на тренинзите, своите соиграчи и тренерите Боатенг не се задржа долго во ниту еден клуб во кој играше. Во последните десет години промени девет клубови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА