ЧСМ Букурешт ги собра најдобрите ракометарки на ЖРК Вардар и состави вистински дрим-тим, но сонот за европска круна се претвори во кошмар, па романскиот првак се наоѓа на работ на елиминација уште пред фајналфор турнирот од лигата на шампионите што вообичаено се одржува во Будимпешта.
ЧСМ вечерва во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите го пречека Мец, неочекувано губејќи пред своите гледачи со резултат 26-31. Избраничките на тренерот Ѓукиќ потфрлија целосно, почнувајќи го натпреварот со негатива од 0-5. ЧСМ експресно се врати и израмни на 7-7, но Мец поввторно презеде контрола, водеше цело второ полувреме и заслужено си обезбеди огромни пет гола предност пред реваншот во Франција.
Радичевиќ со десет гола и Лекиќ со девет погодоци не можеа самите да му се спротивстават на раасположениот француски состав.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА