Уругвајскиот интернационалец Единсон Кавани се врати на тренинзите на францускиот првак Пари Сен Жермен. Тој по двомесечна пауза, вчера го одржа првиот тренинг со екипата и за десетина дена треба да биде подготвен за кам-бек на терените. Кавани се повреди на натпреварот против Бордо на 9. февруари.
Претходно, и Бразилецот Нејмар почна со тренинзи, па тренерот Томас Тухел за брзо време ќе може да смета повторно на ударното трио во нападот заедно со Килијан Мбапе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА