Во втората година од постоењето и второто учество на Ф4 турнирот од БИБЛ лигата, Блокотехна ќе се бори за трофејот во регионалното натпреварување. Тимот на Марјан Илиевски оствари полуфинална победа над Академик и за противник во финалето го чека подобриот од пресметката меѓу Теута и Берое.
„За нас ова е одличен резултат бидејки ни фалат играчи кои отсуствуваат поради повреди. Клубот Блокотехна постои две години, ова ни е второ учество и прво финале. Би сакал да играме против Теута. Прва година им е додека Берое е освојувач еднаш на титулата и има повеќе искуство“, изјави тренерот на Блокотехна, Маријан Илиевски по полуфиналната победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА