Милан го сака Покетино на клупата од следната сезона

Италијанскиот калчолигаш Милан е во трка за пласман во Лигата на шампионите следната сезона, но и да ја оствари целта најавите се дека Џенаро Гатузо ќе мора да си замине од тренерската позиција. Раководството на клубот посакува ново име, а прв пик е Маурисио Покетино, менаџерот на англискиот премиерлигаш Тотенхем. Тој беше една од опциите за тренерското место на Реал Мадрид, но по враќањето на Зидан таму вратата е веќе затворена.

Милан има амбициозни планови и сака токму Покетино, кој изминативе години создаде одличен тим во Тотенхем, да добие одврзани раце на „Сан Сиро“ за формирање на нов квалитетен состав, кој би се вмешал во битката за „скудетото“. Сепак, Аргентинецот има актуелен договор со англискиот клуб и нема воопшто да им биде лесно на „росонерите“ да дојдат до неговиот потпис.

Се вчитува...