МЗТ Скопје Аеродром победнички влезе во Супер лигата откако во стартнот коло од првата половина од оваа натпреварувачка фаза во домашниот кошаркарски шампионат го победи лесно Кожув со 76-88.
Третата четвртина беше одлучувачка за сигурната победа на МЗТ, ја доби со високи 15-31 и со 21 поен предност влезе во последните десет минути од средбата во кои противникот воопшто и не ја загрози првата победа на вицеправкот во суперлигашкиот дел.
Претходно по израмнетите воведни 10 минути, МЗТ направи опиплива предност во втората четртина и на паузата отиде со од пет поени кои ги заработи добивајќи го сегментот со 16-21. воведниот дел заврши со по 21 поен за две екипи.
Иванов одигра одлична партија за МЗТ, постигна 25 поени и го предводеше триото најефикасни во кое се и Вудард со 17 Стојановски со 13 поени. Вилијамс со 22 и Еван Пајн со 16 поени беа нејефикасни кај домашниот состав.
Првото коло од Супер лигата ќе биде комплетирано в среда со одигрувањето на натпреварот меѓу Блокотехна и Гостивар кој беше одложен поради обврските на гевгелискиот тим во БИБЛ лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА