Блокотехна завладеа со Балканот, ја освои БИБЛ лигата

Блокотехна дојде до првиот трофеј во двегодишната историја на клубот откако ја освои титулата во БИБЛ лигата и тоа во голем стил победувајќи ја во финалето Теута, домаќинот на Ф4 турнирот со убедливи 82-68.

Блокотехна фуриозно влезе во финалната пресметка, го доби воведниот сегмент со убедлив 25-9 и направи конкретна дистанца која потоа во втората четвртина ја добрани губејќи само три поени. Блокотехна доминантно го почна и вторто полувреме, третиот период го освои со 25-18 и веќе беше јасно дека Теута многу тешко ќе може да и го одземе трофејот со оглед на превисоките 25 поени предност. 70-45 беше во пресрет на последниот период.

Кај македонскиот состав речиси цел натпревар го одиграа пет кошаркари, поентерски лидер беше Брендон Пен кој имаше блескава партија и постигна 31 поен. Ѓумиќ забележа 17 поени, Николиќ 15, Младеновиќ  14 и Глигоријевиќ уште 5.

Блокотехна го има и најкорисниот играч на сезоната во БИБЛ лигата. Данило Мијатовиќ кој поради повреда не е дел од Ф4 турнирот, вчера го доби признанието за МВП. Нашиот тим подоцна се приклучи во натпреварувањето, а регуларниот дел од сезоната го заврши на вторто место со скор од 9-3. Во полуфиналето вчера го победи Академик кој на крајот заврши на третата позиција.

Во пресметката за третото место бугарскиот Академик Бултекс го победи Берое со 86-57.

 

 

Се вчитува...