КАТАПУЛТ: Да не го видел некој директорот? Оп, ете го во штабот на Стево

Екипа

Меѓу два настана во набиената политичка агенда, влечење бројчиња, сликање по митинзи и слични сериозно партиски активности, директорот на Агенцијата за млади и спорт наоѓа и време да се сликне со по некој спортист, да му води малку инает на ФФМ, да прати по некое писмо за промена на имињата на федерации и да почне да го спроведува конечно ваучерскиот систем.

Најавен со фанфари како мнооооогу голема поддршка за спортот, ваучерскиот систем всушност е закаснето лошо решение за кое по чудните критериуми, федерациите треба да направат рангирање на клубовите и спортистите.
Многу јака тактика, еве ви ги критериумите сами рангирајте се, АМС после да не може никој да ја плука, како и за годишните награди. Сами се номинираат, сами се гласаат, Агенцијата само ги набавува статуетките изгледа.

Ама па за ваучерите немој некоја федерација или клуб да бекне нешто. Сите негодуваат под пазуви, ама филозофијата „наведната глава сабја не ја сече“ е длабоко вкоренета во овдешниот менталитет. Епа, ќутете си и свиркајте си. Пошто со власт и со држава никој не се замерува дури ни за пари за елитен спорт по кој нели е гладна нацијата. И така сега сите ќе си земат ваучерчиња и ќе има за живуркање. За сите по нешто. Популизам на тони.

Добро, па државата преку АМС одлично го реши случајот ФФМ. По една недела цврста и непоколеблива одбрана на приципите и на Законот за спорт падна и бастионот Централен регистер.

*****************************************************************************************************************

Туку ракометниот селектор од списокот да не се вознемири многу па загуби во Битола. Оти видовме дека е леснопотреслив. Гарант од многу премислување за овие наследниците на Кире не стигнал со тактиката за против Аљуш. Ама па добро, сега растоварен и фокусиран право на Исланд со истите сили и истата тактика. Оти нема време. Само како потврда, дека подмладување на копче нема.

Добро што од МЗТ уште на почеток на сезоната ни објаснија дека АБА 2 била многу силна и оти тие што разбирале кошарка го знаеле тоа. Ние па што и не разбираме баш многу мислиме дека нивото треба да ни биде АБА. Сега Задар ќе каже и колку е јака Првата лига од јадранската конкуренција.

Во набиена агенда со натпревари, МЗТ ја заборави кампањата за лошиот закон за спречување на насилството на спортските терени. А баш фино му се приклучи и Работнички, спонтано и не беше идентично соопштението. Сложни попови поскап џип возат.

 

 

 

 

 

Се вчитува...