Челси го совлада Вест хем со 2-0 на „Стемфорд бриџ“ и се искачи на третата позиција во Премиер лигата. Белгискиот интернационалец Еден Азар беше творец на успехот на тимот на Маурицио Сари. Тој ги постигна двата гола за Челси на дуелот против „чеканите“.
Белгиецот на неверојатен начин ја надмудри одбраната на гостите во 24.минута и постигна прекрасен гол. Напаѓачот на Челси беше стрелец и во 90.минута, кога ја потврди победата на овој меч.
Челси е на третото место во англискиот шампионат со 66 бода, два повеќе од Тотенхем, но и еден одигран натпревар повеќе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА