Вардар ја почнува одбраната на трофејот во Купот на Македонија како дел од групата 4, во која „црвено-црните“ за ривали ќе ги имаат Струга, Прилет и Металург 2. Нема дилема дека„вардарци“ се апсолутни фаворити за првото место во групата и учество на фајналфор турнирот. Интересно, ова е единствената група што ќе нема домаќин откако Вардар одби да биде организатор на натпреварувањето.
Од останатите, Металург е домаќин на групата 2 со Пролет, Радовиш и Јуниор, Бутел е организатор во групата 3 крај Пелистер, Борец и Тиквеш, додека Работник ќе ги пречека во Битола екипите на Охрид, Вардар јуниор и Астраион во рамките од групата 1.
ГРУПА 1: Работник, Охрид, Вардар јуниор, Астраион.
ГРУПА 2: Металург, Тинекс Пролет, Радовиш, Јуниор.
ГРУПА 3: Бутел, Пелистер, Борец, Тиквеш.
ГРУПА 4: Вардар, Струга, Прилеп, Металург 2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА