Претседателот на Шпанската фудбалска федерација, Луис Рубијалес, изјави дека Управниот одбор ќе ги усвои измените во начинот на одигрување на Купот на кралот и Суперкупот на Шпанија.
Предложено е во елиминациската рунда во Купот на кралот се до полуфиналето, да се игра по еден натпревар, а домаќини на тие натпревари да бидат клубовите од пониските лиги во Шпанија. Кога е во прашање Суперкупот промените се состојат во тоа, во завршницата на натпреварувањето да играат четири клуба. Суперкупот да се одржи во јануари и да биде надвор од Шпанија. Во Суперкупот да има полуфинале и финале, а натпреварите да се играат во период од три дена.
Идејата на Рубијалес е новите правила да влезат во сила од следната сезона, а пред да бидат официјални, тие ќе бидат разгледани од Генералното собрание на шпанската федерација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА