Марјан Илиевски сосема заслужено е добитник на наградата за најдобар тренер на сезоната во БИБЛ-лигата. Македонскиот стратег претходно имаше една титула со Приштина во ова натпреварување, но сезонава ги надмина очекувањата на Ф4 турнирот во Тирана, каде без двајца клучни играчи успеа да слави над Бултекс Академик и над Теута и да стигне до големиот пехар.
Покрај ова достигнување на Илиевски и освоената награда МВП на сезоната од страна на Данило Мијатовиќ, Блокотехна доби уште неколку индивидуални признанија. Американецот Брендон Пен е избран за МВП на финалето, Мијатовиќ е дел од идеалната петорка на БИБЛ-лигата, додека Пен е дел од втората петорка на регионалното натпреварување.
Воедно, БИБЛ-лигата меѓу играчите вредни за споменување за оваа сезона ги издвои и Горан Главчев и Марјан Младеновиќ, кои заедно со Мијатовиќ и Пен беа клучни во одличните резултати на клубот од Гевгелија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА