„Лавовски“ кога се бориш – за финале ќе се избориш (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров и вторпат ја совладаа Беласица со 1-0, и се пласираа во финалето на Купот на Македонија. Тоа е трето финале во историјата за „лавовите“ на Александар Таневски, кои ќе ги одмерат силите против Академија Пандев.

Домаќинот покажа поголема желба и борбеност и сосема заслужено се избори за пласман во завршната пресметка за трофејот. На денешниот меч пресуди автоголот на Џонов, кој со лоша реакција во 54.минута ја затресе сопствената мрежа.

 

Се вчитува...