Гостивар го искористи заморот на Блокотехна

Кошаркарите на Гостивар славеа на гости (94-98) против Блокотехна во последниот меч од првото коло во Суперлигата, користејќи го заморот на избраниците на Марјан Илиевски кои изминатиот викенд настапуваа и го освоија трофејот во БИБЛ лигата. Гостиварци го добија првиот период со десет поени разлика (20-30) и тоа се покажа како одлучувачки фактор за триумфот на овој дуел.

Блокотехна до полувремето ја намали негативата на шест поени (42-48), но Гостивар сепак не дозволи да го испушти водството. На три и пол минути до крајот тимот на Марјан Србиновски имаше двоцифрена предност (75-87) и одолеа до крај за да оствари победа.

Во тимот на Гостивар, Јуре Шегариќ постигна 19 поени, Бојан Трајковски запиша 18, а еден поен помалку забележа Александар Костоски. Во составот на Блокотехна, Брендон Пен беше најефикасен на мечот со 36 поени, а Кенет Фундербург постигна 21.

Се вчитува...