Јувентус не брилјираше против Ајакс во воведниот четвртфинлен натпревар од Лигата на шампионите, но Кристијано Роналдо ја достигна магичната граница од 125 гола во елитното натпреварување. Бројките на Роналдо во Шампионската лига се тешко достижни. Дури и за Лео Меси. Португалецот има 17 гола повеќе од ривалот.
Тој во ЛШ дебитираше во 2003 година за Манчестер Јунајтед, а првиот гол го постигна дури во 2007 против Рома. 12 години речиси на истиот ден стана првиот кој ја достигнал бројката од 125 гола. Сезонава има пет гола во 12 натпревари, максимумот во една сезона му е 17 гола од 2013/14 кога го предводеше Реал Мадрид до титулата.
Лео Меси во ЛШ дебитираше во декември 2004 година и во почетната фаза беше подобар од Роналдо. Во сезоната 2011/12 постигна 13 гола. Но, Португалецот потоа во периодот од 2011 до 2018 година во секоја сезона постигнуваше по најмалку 10 гола со што изби на лидерската позиција. Меси има 108 гола во 132 натпреври во Лигата на шампионите.
За да го достигне Роналдо, по претпоставка ѕвздата на Јувентус да престане да дава голови, на Меси, со овој просек на реализација ќе му треба 21 натпревар. Со овој просек до бројката од 125 Меси ќе додје ако Барселона се пласира во финалето и оваа и следната сеозна, па во групанта фаза во 2020/21 би го достгнал овој рекорд.
Следниот на листата стрелци во Лигата на шампионите од активните фудбалери е Карим Бензема, тој има 60 гола. Дури и на 25-годишниот Хари Кејн кој има одлична реализација, 13 гола на 17 натпревари би му требале цели 10 години за да го достигне Роналдо. Ова значи дека португалскиот ас уште долго ќе ги држи статистичките рекорди во елитното натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА