По една полусезона мината во редовите на струмичка Беласица, поранешниот македонски репрезентативец Филип Ивановски повторно се врати во Финска, потпишувајќи за прволигашот КПВ.
Од канцеларијата на финскиот прволигаш официјално ја потврдија веста за потписот со македонскиот офанзивец до крајот на оваа година, во очекување на неговото приклучување на тимот.
Ивановски, кој е поранешен фудбалер на Македонија ЃП, Вардар, Работнички но и полските Полонија и Дискоболија, пред доаѓањето во Беласица беше и во финскиот РопС.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА