Англискиот премиерлигаш Тотенхем остана без капитенот Хари Кејн до крајот на сезоната. Деталните лекарски прегледи покажаа дека напаѓачот има сериозно оштетување на лигаментите на скочниот зглоб и дека ќе мора да паузира подолг период, што значи дека менаџерот Маурисио Покетино ќе остане без својот најдобар играч во клучниот дел од сезоната. Тотенхем има предност од 1-0 по првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите против Манчестер Сити.
Главоболките за Покетино тука не запираат. Деле Али исто така има сериозна повреда. Тој заработи скршеница на раката на дуелот од ЛШ против Манчестер Сити, но сепак, ќе се врати брзо на теренот со заштитна ракавица. Најверојатно ќе го пропушти мечот против Хадерсфилд, но би требало да може да го одигра реваншот против „граѓаните“ во елитното европско клупско натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА