Македонската Кошаркарска Федерација ќе почека до понеделник за да одговори на обвинувањата од страна на раководството на Работнички, од каде стигнаа и закани кон првите луѓе на МКФ за поднесување на кривични пријави.
Сепак, според куќата на кошарката приоритет во моментов мора да биде завршниот Куп на Македонија, па затоа на одговор ќе се почека до почетокот на следната седмица.
„Поради одржување на завршниот турнир од државниот Куп 2019 и мотивот да не се нарушува атмосферата и спортскиот дух, канцеларијата на Македонската кошаркарска федерација со сите засегнати тела и органи при МКФ ќе се произнесе со официјален став во врска со настаните околу наводите на кошаркарскиот клуб Работнички од понеделник (15. април). Воедно, на сите ученици им посакуваме успех и добри резултати, а на кошаркарските фанови им посакуваме да уживаат во натпреварите“ – се вели во краткото соопштение на МКФ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА