Украинецот Васил Ломаченко по вторпат ја одбрани титулата светски шампион во лесна категорија. Најдобриот боксер на светот во синоќешниот спектакл во Лос Анѓелес, во четвртата рунда го нокутира Британецот Ентони Крола (34-7-3, 13 КО) и ги одбрани ВБА и ВБО појасите.
Ломаченко најпрво забележа нокдаун во третата рунда. Откако се вмеша и судијата за миг помисли дека е прекин на борбата па почна да слави, но официјалните лица го предупредија дека мечот се уште трае. Како и да е, Ломаченко веднаш продолжи каде што застана, па во четвртата рунда со десно кроше го нокаутираше Крола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА