Се поизвесно е дека Манчестер јунајтед и Андер Херера нема да пронајдат заеднички јазик, па искусниот фудбалер од средниот ред заминува од „Олд Трафорд“ како слободен фудбалер. А, за неговите услуги сериозно е заинтересиран ПСЖ со оглед на заминувањето на Адриен Рабио.
Сепак, како што пренесуваат француските медиуми, доведувањето на Херера би можело да предизвика сериозен раздор во соблекувалната на ПСЖ затоа што поодделни фудбалери кои повеќе години се во клубот се далеку од платата која му се нуди на Шпанецот.
ПСЖ планира на Херера да му понуди плата од 12 милиони евра, средства кои ги немаат Марко Верати и Маркињос. Веќе се слушаат гласини дека на дел од фудбалерите им смета што се дава толкава плата на фудбалер од 29 години кој на почетокот ќе биде и на клупата за резервни фудбалери.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА